Димитриевски: Соколана вратена под владение на општина Куманово

По долгогодишни обиди успеавме да го вратиме спортскиот комплекс Соколана под владение на општината, благодарејќи на новиот менаџерски тим во агенцијата за стопанисување со спортски објекти, објави денеска на социјалните мрежи кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Во моментов, екипите на јавното пртепријатие „Чистота и Зеленило“ го чистат дворот на комплексот, се отстранува оградата, се вршат поправки, се обезбедуваат реквизити, а градоначалникот најави и воведување на чуварска служба.

-Новото јавно претпријатие „Куманово план“ подготвува и подготовка на проект за реконструкција на комплексот со предмет пресметка и обезбедување финансии за реконструкција, наведува Димитриевски во објавата.

Кон крајот на март годинава, Димитриевски информираше дека општината води постапка со агенцијата за стопанисување со спортски објекти, за враќање на спортските објекти, терени, комплекси, меѓу нив и Соколана, кои претходната деценија беа доделени на приватни концесионери.

Спортскиот комплекс Соколана е култно место за кумановци од почетокот на 20 век, препо знатливо не само по одржување на спортските настани, туку и за забавниот живот на кумановци. Изградбата на Соколана почнала со поставување камен -темелник на 28 јуни 1923, а изградбата со повремени прекини, завршила до  1931 година. Најголемиот дел од средствата биле собрани од доброволните прилози на населението и од кумановската еснафска јавност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *