Национален ромски центар: Поголема вклученост на Ромите во прашања значајни за државата

Преставниците на Ромите, без разлика дали се на власт, или во опозиција, изминатите неколку години не се консултирани за многу значајни прашања за државата и за сите граѓани, забележаа учесниците на денешниот состанок што го организира здружението Национален ромски центар.

-Во последните две – три години тие не се повикани ниту на еден состанок за судбината на сите граѓани на Република Македонија, без оглед дали се во власта или се опозиција. Затоа треба да ги прашаме пред се луѓето кои ја водат државата, а и опозицијата до кога тоа ќе биде случај, особено што пред нас претстојат многу важни прашања, рече на состанокот Ашмет Елезовски од Националниот ромски центар.

Вината, вели тој, ја гледа во граѓаните, кои, како што потенцира, премногу молчат.

Дополнителен проболем, според него, е и тоа што политичарите речиси никогаш не го исполнуваат тоа што го ветувале пред граѓаните.

– Во Република Македонија имаме политичари од интерес кои пред избори доаѓаат да бараат гласови за да стасаат до некоја функција, а ни требаат квалитетни политичари кои ќе работат во интерес на народот, рече тој.

Елезовски додаде и дека е потребна отворена дискусија за сите прашања во државата и вклучување на Ромите, забележувајќи притоа дека тоа не мора да бидат само преставниците во власта туку и останатите кои имаат значајна улога во општеството. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *