Манчевски: Концептот парите назад кај граѓаните дава резултати

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, придружуван од Филип Темелковски член на ЦО на СДСМ и градоначалник на Општина Кисела Вода и други членови на СДСМ учествуваа на маалска средба со граѓаните на оваа општина.

Непосредните средби со граѓаните се дел од работните активности на СДСМ и начин преку взаемна комуникација да се слушнат и најдат решенија на потребите со кои се соочуваат граѓаните.

Ние како одговорна партија остануваме посветено да работиме на обезбедување подобар живот за граѓаните, затоа преземаме реални и вистински реформи кои ги враќаат парите назад кај граѓаните.- истакна  Манчевски пред присутните граѓани.

Растот на минималната плата на 12.507 денари и просечната плата над 3.5 отсто ,новото зголемување на платите во образованието од 5 отсто, поголемиот опфат на граѓани од социјално ранливи категории и зголемената за 300 отсто социјална помош, намалување на невработеноста на историски најнизок процент досега од 17,5 отсто се само дел од показателите дека Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните преку реформите и мерките кои ги спроведува.

Како дел од мерките преку кои директно се влијае на намалувањето на трошоците на граѓаните Манчевски ги наведе укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината тарифа на електричната енергија, намалувањето на казните и воведување на  концепт на опомена, мерки преку кои се повеќе пари остануваат во семејниот буџет на граѓаните.

Раст на минималната плата на 15.500 денари во периодот кој следува, но и субвенцијата на придонесите за пензиско, социјално и здравствено осигурување до 100 евра  директно ќе влијае на покачување на платите на граѓаните односно животниот стандард со цел просечната плата достигне 30 илјади денари до крајот на мандатот.

СДСМ и Владата која ја предводи презема и реализира  бројни мерки и проекти што не само што го олеснуваат животот на младите, туку и ги охрабруваат младите да останат тука.-истакна Манчевски.

Гаранцијата за млади обезбедува пракса, вработувања или доквалификација на младите. Само во три општини минатата година се вработија над 1.800 млади лица, а годинава очекувањата се за далеку поголеми.-додаде Манчевски.

Како последни од низата реформи за младите, Манчевски ги посочи  објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица за чијашто реализација се обезбедени 35.1 милион денари.

Владата предводена од СДСМ, продолжува уште попосветено да работи во интерес на сите граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *