Jавна расправа за проекти за прекугранична соработка меѓу македонски и бугарски региони

Соработката меѓу пограничните региони од Северна Македонија и Бугарија континуирано се подобрува, а бројот на проектите кои се финансираат преку ИПА програмата е се поголем, беше истакното на денешната јавна расправа за проекти кои ќе бидат финансирани во периодот од 2021 до 2027 година.

-Во изминативе 14 години од имплементација на програмата успешно се соочуваме со сите предизвици што се случуваат и секојдневно ги слушаме потребите на граѓаните и на сите други инволвирани и заинтересирани страни. Сето то го потврдуваме со реализација на повеќе од 150 проекти, кои зборуваат за нашиот заеднички ангажман со кој, всушност, имаме цел да постигнеме развој на општеството, развој на локалната економија, одржување на добрососедските односи со Бугарија и поддржување на европските стандарди и вредности, рече Татјана Јаневска од Министерството за локална самоуправа.

Десислава Георгиева од Министерството за регионален развој на Бугарија се надева дека ќе продолжи практиката на предлагање и реализација на успешни проекти од двете страни на границата.

-Целта на ова средба е да слушнеме какви се потребите на локалната заедница, кои се вашите проектни идеи кои преку прекугранична соработка ќе можеме да ги реализираме, истакна Георгиева.

За десетина година преку Интеррег Ипа програмата за прекугранична соработка се реализирани проекти во вредност од 40 милиони евра, а се однесуваат на мерки насочени кон ублажување на последиците од климатските промени, решавање на прашања од заштита на природата, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризици во прекуграничниот регион, како и фокус на програмата за заштита на природното и културното наследство во регионот.

На денешната јавна расправа присуствуваа преставници на граѓански организации, општини, државни институции и министерства.

 

18 thoughts on “Jавна расправа за проекти за прекугранична соработка меѓу македонски и бугарски региони

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *