Претседателот на Парламентот Талат Џафери учествува на четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство“, што вчера и денеска се одржува во Нур-Султан, Казахстан. Во состав на делегацијата е и пратеникот Енес Ибрахим.
На состанокот учествуваат парламентарни делегации од шеесетина земји и 39 претседатели на национални парламенти од Европа и Азија, како и 13 меѓународни парламентарни собранија.
Се очекува на крајот од состанокот да биде усвоен финален документ со препораки за поблиска соработка меѓу државите и унапредување на дијалогот, довербата и партнерството во регионот.
По завршувањето на форумот, утре и задутре Џафери ќе претстојува во официјална посета на Казахстан, на покана од претседателот на Мажилисот на Парламентот на Република Казахстан, Нурлан Нигматулин.