Со пекиншката претстава „Фен Мо“ отворена сезоната и Годината на танцот 2018

Со претставата „Фен Мо“ од Пекинг, која е дел од годинешната програма на фестивалот Танц Фест, синоќа на сцената на Народниот театар во Велес беше отворена сезоната и Годината на танцот 2018.

Следната претстава ќе се одржи на 24 јануари во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

Пекиншката академија за танц е на европска турнеја 22 дена и ќе има гостувања во Македонија, Србија, Бугарија, Полска и Унгарија.

Во претставата настапуваат 35 танчери, а продукцијата е на Пекиншката академија за танц, која е најголемата кинеска академија за танц, која ја посетуваат повеќе од 2.500 студенти.

Од Танц Фест посочија дека во „Годината на танцот” ќе има претстави и настани низ целата година, со цел да го промовираат современиот танц како една од примарните уметности на 21 век. Програмата ја одбележуваат гостувања на претстави од странство, домашни продукции, работилници за современ танц, како и дебати и конференции. Акцентот на случувањата ќе биде во април кога во период од 25 денови фестивалот ќе презентира претстави од Франција, Словенија, Швајцарија, Латвија, Литванија, Словачка, Полска, Унгарија, Австрија, Чешка, Хрватска и Македонија.

Програмата во април ќе се одвива во Скопје, Велес и Штип, а „Годината на танцот 2018“ ќе се промовира и низ повеќе други градови во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *