Димитров: Имаме историска шанса да станеме природни сојузници со Грција

Имаме историска шанса со мудра политика базирана на разбирање на соседот, да станеме природни сојузници, му рече денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров на новоименуваниот амбасадор на Хеленската Република во земјава, Димитрис Јанакакис.

Јанакакис на Димтиров му ги ги предаде копиите на акредитивните писма за неговото именување за амбасадор во земјава, по подигнувањето на нивото на Канцеларијата за врски во Aмбасада на 31 мај 2019 година.

Согласно Преспанскиот договор, шефот на дипломатијата, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази очекување дека отворената поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Северна Македонија ќе продолжи и во оваа фаза од процесот, имајќи го предвид заедничкиот бенефит.

Димитров изрази и увереност во натамошно продлабочување, збогатување и интензивирање на односите меѓу двете земји. Го запозна соговорникот со постигнатите реформи и перспективите на евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија во контекст на очекувањата за добивање позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври.

На средбата се разговараше и за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за развој на севкупната соработка во различни области со цел интензивирање и збогатување на соработката помеѓу двете држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *