СДСМ: Со ребалансот на Буџетот повеќе пари за раст на платите

Политиките на СДСМ даваат резултат и во таа насока продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и поголема конкурентност на економијата.

Со ребалансот на Буџетот за 2019 година одвојуваме повеќе пари за дополнителен раст на платите.

Обезбедени се 400 милиони денари за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за оние претпријатија кои  платите на своите вработени ќе им ги зголемат во износ до 6.000 денари.

Како одговорна политичка партија, СДСМ останува посветена на обезбедување економски раст, стабилна и развојна економија и повеќе пари за граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *