ТРАДИЦИОНАЛНА ТЕАТАРСКА ВЕЧЕР ВО СИДНЕЈ

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј повторно ја организира традиционалната театарска вечер по повод доделување на наградите за театарска уметност Александар Македонски.
Ќе бидат изведени премиерно монодрамата „Каменот од Роби“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски. Артистите Гордана Милошевска, Владо Сазданов и Јаворка Котевска ќе настапат со комични изведби, Ансамблот „Илинден“ пак ќе настапи со музичко – забавна програма со посебни македонски музички бисери, а ке има и промоција на ДВД на драмите: „Изненадувачка забава“ и „Сонце мое“. Се тоа ке биде зачинето со богата македонска трпеза.

Душан Ристевски