Кавадарци доби 24-часовен кол центар за пријавување проблеми, со видео надзор ќе се зголеми безбедноста

Кавадарци доби 24-часовен кол центар и бесплатен телефонски број 13300 за пријавување евентуални проблеми поставен на највисоко ниво, во координација со сите јавни претпријатија и полицијата. За ова денеска информираше градоначалникот Митко Јанчев на прес-конференција.

– Кавадарци станува модерно место за живеење. Спроведени се многу крупни проекти. Секој може да се јави на бројот, никој не е привилегиран. Со видео надзорот кој во најкус рок ќе почне да работи, ќе се зголеми безбедноста на сите луѓе и нивните имоти, а ќе се заштитат и општествениот имот и урбаната опрема, нагласи градоначалникот.

Тој се осврна и на скада системот, за онлајн набљудување и регулирање на водоснабдувањето. Со него навремено се откриваат и отстрануваат дефекти.

– Со единствена цел, никогаш да нема рестрикции на водата за пиење, што всушност и спроведуваме на дело. Општината преку кол центарот има Џи-Пи-Ес комуникација со секое возило на комуналното претпријатие, за да се има увид каде тие се наоѓаат и како си ја извршуваат функцијата, нагласи Јанчев.

Тој додаде дека Центарот во иднина ќе биде надограден и со комплетен онлајн мониторинг на гасификацијата.

– Од јануари, ако стигне гасот до Кавадарци, ќе може да почне изградбата на примарна и секундарна мрежа. Во иднина, комплетно ќе можеме да го контролираме и уличното осветлување, светилките ќе се палат и гасат по Џи-Пи-Ес систем. Ќе се заштеди, бидејќи тие нека да се палат предвреме, а да се гасат со задоцнување. Дефектите исто така уште понавремено ќе се откриваат и санираат, соопшти тој.

Јанчев рече дека освен ,,Мој општинар”, сега има уште еден сектор во општината, за техничко технолошка поддршка на јавните претпријатија и на граѓаните, општината во целост.

– Мислам дека ќе бидеме пример за достапност и транспарентност кој ќе го следат другите општини. Кавадарци педесетина проценти од софтверите и програмите ги има изработено со сопствен кадар. Софтверите чинат минимално, во однос на тоа што го добиваат кавадарчани и општината. Во идно време со законските регулативи и со промена на безбедносни мерки и овластувања, овој систем со мало надоградување и со дозвола, полицијата ќе може да го користи и за сообраќајно регулирање. Тогаш ќе може да се инсталира и сензори и дополнителни камери, за поголема безбедност во сообраќајот. За да може и предупредувањето и санкционирањето при прекршоци да бидеподигнато на едно повисоко ниво, нагласи Јанчев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *