Битолчани до последно место ја исполнија салата за „Медена земја“

На фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола беше прикажан документарниот филм „Медена земја“, за кој имаше  голема заинтересираност од домашната публика.

Од фестивалскиот прес-центар нагласуваат дека салата на Центарот за култура била преполна за филмот кој е македонски кандидат за номинација за Оскар. По завршувањето на проекцијата продуцентот Атанас Георгиев и кинематограферите Фејми Даут и Самир Љума беа поздравени со громогласен аплауз и одговараа на прашања од публиката.