Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со поранешните амбасадори Љупчо Арсовски, Мухамед Халили, Александра Накева-Ружин, Благородна Мингова и Агим Лека, кои го запознале со мисијата на Советот на амбасадори и неговите претстојни активности.
Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, го поздравил формирањето на Советот и подготвеноста на поранешните амбасадори своето богато дипломатско искуство да го стават во функција на афирмација на Република Северна Македонија и нејзината надворешна политика.
На средбата биле разменети и ставови во однос на актуелните состојби врзани за европската и евро-атлантската интеграција на нашата земја и воедно била договорена натамошна блиска соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадорскиот совет.