Изложба на македонски стрип автори во кумановскиот центар за култура

Изложба на „Македонски стрип автори“, во организација на кумановскиот Центар за култра во соработка со македонскиот стрип центар Велес, вечерва ќе биде отворен во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев во Куманово.

Целта на изложбата е да се презентира македонската стрип култура.

– Стрипот беше многу популарен во 70, 80 и 90-тите години, но со доаѓњето  на други медиуми кои го преземаа просторот на визуелнaта јавна сцена, видео артот, интернетот со видео содржини, стрипот во електронска форма, печатениот стрип формат скоро и да исчезна од јавниот простор. Од тие причини, сакавме да го актуализираме стрипот презентирајќи дел од творештвото на нашите стрип автори, изјави Роберт Цветковски од кумановскиот Центар за култура.

На изложбата учествуваат повеќе автори, меѓу нив и од Куманово, Јорданчо Давидовски, Предраг Ѓоргиовски, Мишко Хрдличка, Љупчо Филипов, Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Ване Трајков, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска, Јана Бутеска, Емилија и Стојче Тоциновски, Јана Илиевска, Стајковци, Лазар Ангелков,Оливер Цветковски, Тоде Блажевски, Илко Стојановски, Александра Ристевски, Андреј Ангелковиќ, Ѓорги Антевски, Елхида Елезовска, Милан Милиќ, Васил Гаврилов, Мирко Бојаџиевски, Александар Стеванов, Катерина Тери Николовска Марија Стојановска.

Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е формиран во 2002 година и има за  цел заживување и афирмирање на македонскиот стрип внатре и надвор од државата.

Изложбата која е дел од годишната програма на Министерството за култура ќе биде поставена до 25 септември годинава.