Шумски пожар кај кочанското село Пантелеј

Силен шумски пожар избувна доцна попладнево кај кочанското село Пантелеј, на падините на Осоговските Планини и зафати поголема површина со букови дрва, нискостеблести и друг вид стебла.

Според известувањето од Територијалната противпожарна единица од Кочани, по дојавата за огнот тие веднаш излегле на терен со четири возила и десет пожарникари, а на помош притекнале и нивните колеги од Виница.

Во интервенцијата за гаснењето учествуваат и вработени во подружницата „Осогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и месно население.

Благодарение на брзата интервенција на противпожарните единици спречено е огнот да се приближи кон селото Пантелеј, а поради ветерот се проширил кон поширокиот шумски предел на Осоговијата. Во моментот трае акцијата за локализирање, а дежурни противпожарни екипи ќе останат и во текот на ноќта.

Засега нема индиции за причините што ја предизвикале огнената стихија, иако првичните претпоставки се дека во прашање е човечкиот фактор со оглед што огнот најпрвин бил забележан во близина на помошен земјоделски објект.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *