Кривопаланечки „Комуналец” доби ново возило – донација од Јапонската амбасада

Јавното комунално претпријатие „Комуналец” од Крива Паланка од денеска има ново возило „мицубиши фусо кантер“ за собирање смет. Возилото е донација од Јапонската амбасада во Република Северна Македонија, а е обезбедено со помош на Владата.

-Благодарност до амбасадата на Јапонија во нашата држава која овозможувајќи ја донацијата во висина од околу шеесет илјади евра го помогна доопремувањето на јавното комунално претпријатие и обновата на возниот парк, изјави градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Возилото е од фирмата „Градатин”, хрватска компанија со претставништво во Скопје.

– Договорот за донација и набавка беше потпишан во месец март годинава, денес возилото е тука, и ќе го надополни возниот парк на”Комуналец”,  кој беше со просечна старост од дваесет години.Обноватс на возниот парк ја отпочнавме годинава, со буџетски средства набавивме две нови возила,а ова е трето ново возило за собирање смет кое ќе овозможи пружање што поголема и поквалитетна услуга за граѓаните,за почиста и поубава општина, изјави Миле Марковски, директор на ЈП Комуналец.

Новото возило е шесткубично, со можност за собирање смет од корпи од 120 и 240 литри, како и од  контејнери. Може да работи и автоматски и мануелно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *