ЛАЗАРОВ СЕПАК ЌЕ ИГРА?

Деталните лекарски прегледи кои се направени утринава во Загреб, за среќа покажаа дека повредата на Кире Лазаров и не е така опасна како што изгледаше во првиот момент. Според неофицијалните информации од Вараждин, постојат големи шанси тој да ги одигра двата преостанати меча на нашата репрезентација на ова ЕП.

Засега официјална потврда за тоа во каква состојба е мускулот на ногата на нашиот капитен нема, ниту пак денеска ќе биде објавена конечната ситуација. Дилемата дали Кире ќе може да заигра или не, сигурно ќе биде разрешена во текот на утрешниот натпревар, поточно околу 18 часот кога ќе бидат објавени составите на Македонија и Чешка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *