Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан, денеска за време на работната посета на Тетово ја посети компанијата за производство на врати и прозорци „Солид-Пласт“ и компанијата за изработка на опрема од нерѓосувачки материјал наменета за професионални кујни, пекари и слаткари „Фриготехника“.
Од кабинетот на министерот соопштуваат дека Хасан ги разгледал производните погони на компаниите и се запознал со нивното работење, а од страна на менаџментот на компаниите се запознал и со нивните почетоци и потешкотиите со кои се соочуваат.
-Од страна на двете компании беше изразено задоволство од соработката што ја имаат со Владата, министерот го изрази задоволството од успешно работење на компаниите и ги увери дека владата активно и постојано работи на нови мерки со цел да им излезе во пресрет на компаниите и да се подобри бизнис и инвестициската клима, се вели во соопштението на министерот без ресор.
Двете компании, како што се наведува во соопштението, имаат добиено финансиски средства согласно владината мерка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, која нуди поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи.
Од кабинетот информираат дека министерот во Тетово остварил и средба со градоначалничката на Тетово,Теута Арифи, со која најмногу дискутирал за инвестициите во градот.