Нова градинка во Аеродром – продолжуваме да инвестираме во раниот детски развој

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин денеска ја посетија новоотворената градинка во населба Ново Лисиче. Новиот објект кој е во рамките на ЈOУДГ „Буба Мара“ има капацитет за 200 деца и е изграден по најсовремени стандарди за згрижување и престој.

Општина Аеродорм за овој објект издвои околу 40 милиони денари. Новата градинка има осум занимални со сопствени санитарни јазли и кујна на вкупна површина од 1 500 метри квадратни.

– Со овој објект, градинката „Буба Мара“ доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче. Министертвото за труд и социјална политика продолжува да инвестира во детската заштита со тоа што ги подобрува условите за престој и воспитување на децата, но ги јакнеме и професионалните компетенции на воспитувачите. Со последното зголемување на платите за 16 отсто на давателите на услуги го враќаме достоинството на професијата воспитувач. Зголемување од дополнителни 5 отсто за вработените во градинките ќе има и на септемвриската плата која ќе биде исплатена во октомври, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

За две и пол години МТСП има инвестирано во изградба, опремување и реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти.