Штип се подготвува за големата показна вежба при елементарни непогоди

Штипските локални институции се подготвуваат за големата показна вежба или акција на координираност помеѓу општинските сили за заштита и спасување заедно со регионалните и државните сили за заштита и спасување  при елементарни непогоди. 

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски како командант на општинскиот штаб за заштита и спасување денеска одржа состанок со членовите на овој штаб за активација на општинскиот план за заштита од поплави, мобилизација на цела ТППЕ како и просторната универзална единица за заштита и спасување, активација на јавните претпријатија Исар и Стипион на нивните оперативни планови за заштита од поплави и мобилизација на просторните единици наменети за заштита и спасување.

Од денеска започнува симулација на показна вежба или акција на координираност помеѓу општинските сили за заштита и спасување заедно со регионалните и државните сили за заштита и спасување.Во наредните денови ќе се случува симулација на таква показна вежба со цел да спречиме што е можно повеќе проблеми коишто би настанале како потенцијална елементарна непогода , рече Бочварски.

Показната вежба ќе се случува во наредните денови во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во среда на 18 септември ќе се одржи генералната проба, а во четврток 19 септември ќе се случи настанот кадешто ќе се види подготвеноста на општинските и државните сили во касарната „Јане Сандански“ Штип. Општинскиот штаб за заштита и спасување располага со околу 150 луѓе на терен.

За чистење на каналите се ангажираат седум багери, пет камиони – кипери, еден утоварач и 13 луѓе за чистење на истите. Додека  за изработка на заштитни насипи со песок на располагање се  два утоварачи, два камиони и  30 работника за полнење на вреќи за песок.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *