Отворените денови со граѓаните започнаа да се реализираат од денеска во регионалните регистрациски кацнеларии на Централниот регистар, а првата беше во Тетово. Од 10 до 13 часот граѓаните имаа можност да се сретнат со стручен тим од Централниот регистар за подетални информации или, пак, разговор за одреден проблем со кој се соочиле.
-Ова е реактивирање на мерката „Поблиску до граѓаните“. Централниот регистар како сервисно ориентирано компанија сака да му помогне на малиот и големиот бизнис, посебно на оние лица кои имаат проблем со некакво издавање на документи и итн. Инаку со развој на технологијата се повеќе се користат електронски услугите. Сепак, има одреден број на граѓани кои навистина имаат потреба физички да дојдат и да им се објасни за што станува збор и како да дојдат до потребните документи за водење на бизнис, изјави Марија Бошковска Јанкоски, директоркат на Централен регистар.
Постои, додаде, потреба за поголема информираност околу документите кои се доставуваат во Регистарот при основање, промена или измена на правен субјект.
-Најчесто се соочуваат граѓаните со неинфомираност, каде треба да се обратат, во која институција. Обично сметаат дека сите документи се за кај Централниот регистар, но има документи кои се поврзани со Агенцијата за вработување со Управата за јавни приходи и други. Се обидуваме да се поедностави процедурата за работа преку интернет. Таму физичкото лице што поседува токен може и само да регистрира правен субјект со помош на лицата со кои се во Централниот регистар, односно со едно јавување на бројот може да следи упатства и да не мора да доаѓа физички во просториите, објасни директорката.
По првиот отворен ден во Тетово, следуваат средби со граѓаните во уште девет градови. Последниот е во Охрид на 4 октомври.