Дел од историскиот развој на Израел – ветената библиска земја

ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА ИЗРАЕЛ

Израел, или на еврејски Medinat Israel, е еврејска држава во Палестина, во Ветената земја на Евреите, во која дошле по ропството во Египет и долгото лутање по пустината. Името, пак, Палестина, на еврејски Erez Israel (потекнува  од Филистејци­те) најголемите непријатели на Евреите, го добила од Римјаните. Сите настани во Све­то­то Писмо (Библијата) се случувале токму во Палестина, која секогаш е третирана како род­на земја на Евреите.

Зборот Евреи, на еврејски Ivrim има неколку значења. Едно од значењата е: дој­ден­ци, оние кои дошле од друга земја, име со кое другите народи ги нарекуваат Изра­ел­ците. Аврам се нарекувал Евреин, а Мојсеј добил запо­вед на фараонот да му преда­де порака од „еврејскиот Бог“.

Во Новиот завет, во Делата апостолски со името Евреи се нарекувале палестинските христијани, кои зборувале ев­рејски или арамејски. Не постои „еврејски“ или „еврејски јазик“ како ознака на древ­ниот јазик на Евреите во Стариот завет. Древниот еврејски јазик се нарекувал кана­ан­ски или јудејски јазик.

Из­разот „еврејски јазик“ што се среќава во Новиот завет се од­несува на арамејскиот ја­зик. Тој јазик во последните векови пред појавата на Исус Хрис­тос, го истиснал евреј­ски­от во богослужењето. Другото значење за името Евреи, ја означува семитската гру­па племиња кои дошле во Арабија и се населиле во Канаан.

Тие живееле како од­воени групи околу 1.000 години пред Христа кога опасноста од Филистејците ги при­нудила да се здружат под заедничкиот цар Саул. За време на владеењето на Давид и Со­ломон, Евреите доживеале најголем напредок, но по смртта на Соломон се подели­ле во две независни царства.

ksbh2

Ерусалим

За Евреите се знае дека се еден од најстарите народи во светот. Тие првобитно живееле племенски, биле древни сточарски племиња кои од Арабија се спуштиле во Па­лестина од XII до X век пр.н.е. Поради недоволната плодност на земјиштето и гла­дот, овие племиња се преселиле во Северен Египет, но таму тие потпаднале под така­на­реченото „Египетско ропство“. За да се ослободат од ропството, по подолго време, пак, се вратиле во Палестина.

Меѓутоа, со текот на времето во нивната непосредна близи­на се населиле Филистејците, кои ги напаѓале областите населени со Евреи. Овие бор­би го забрзале обединувањето на еврејските племиња – Израелци и Јудејци во едно цар­ство на чело со еден од водачите на Јудејците, царот Давид. Тоа се случило околу 1.000 година пред Христа кога Давид успеал да ги разбие Филистејците, а градот Ерусалим да го прогласи за престолнина на државата.

Преданијата за Светиот храм говорат дека за време на патувањето низ пустина­та, Евреите имале подвижно светилиште, Шаторот или Скинијата на Заветот, во кој бил Ковчегот на Заветот и облакот кој го означувал Божјото присуство. Давид сакал да му подигне храм на Бога, но поради неговите гревови не го сторил тоа, туку му ја препуш­тил задачата на Соломон. Тој го изградил храмот околу 950 година пред Христа, меѓу­тоа Вавилонците го срушиле во 586 година пред Христа.

dvbd3

Пристаниште во Ашход

Вториот храм бил изграден во пе­риодот меѓу 520 и 516 година пред Христа со големи напори на пророците Агеј и За­харија. Ирод Велики го подигнал третиот храм во 19-та година пр.н.е., но Римја­ни­те го срушиле во 70-та година од н.е. и до денес се останати рушевините од него – „Ѕидот на плачот“. Храмот бил единственото место каде Евреите можеле да ги при­не­суваат жртвите. Тој бил верски центар за сите Евреи. По разорувањето на последни­от Храм, како место за богослужење се користеле синагогите.

По смртта на Соломон, од единственото царство се отцепила северната област ко­ја се организирала во посебно царство – Израел. Израел водел чести војни со сосед­на­та држава на Асирците. Асирците го освоиле Израел, така што тој потпаднал под „Асир­ско ропство“, додека Јудејското царство опстанало уште околу стотина години ка­ко самостојно. Меѓутоа, вавилонскиот цар Навуходоносор, во 586 година пр.н.е. ја освоил Јудеја, со што и двете еврејски држави ја изгубиле својата независност.

Тогаш бил сру­шен Царскиот двор, бил спален прекрасниот Храм на Богот Јехова во Ерусалим, додека Јудејците биле протерани во таканареченото „Вавилонско ропство“ т.е. во Месопота­ми­ја. Тоа било првото еврејско раселување во светот, таканаречената дијаспора. Меѓу­тоа, поголемиот број Евреи се вратиле од „Вавилонско ропство“ по педесетина години. Сепак, и тогаш не биле слободни, тукку во период од околу двесте години морале да ја признаваат туѓинската власт.

Овој историски развој на Евреите детално се прикажува во Библијата, при што историските настани се испреплетени со религиозни преданија. Поточно, во Библијата пи­шува за родоначалникот на Евреите, Авраам, кој бил на чело на дванаесетте еврејски племиња и кој од Арапската пустина ги одвел во Палестина – земјата во која „тече мед и  млеко“. На враќање од Египет во „земјата на татковците“ како водач на Евреите се споменува Мојсеј, познат и по тоа што на несложните еврејски племиња им ги предал „Десетте божји заповеди“ во кои биле точно определени обврските на Евреите кон единствениот бог Јехова.

Во таквите бурни, немирни времиња за Евреите – нивното паѓање под разни роп­ства, борбата за опстанок, преселувањата, кај нив се родила една цврста вера во еден бог Јехова, чиј избран народ биле токму тие – Евреите.

Продолжува

KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *