Бизнисмени од Балканот дебатираат за финансирање на инвестициски компании и работната сила

 Бизнисмени од регионов учествуваат на првиот Балкански претприемачки самит во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub“, на кој во наредниве дена своите искуства на панели ќе ги споделат повеќе од 30 светски признати говорници и претприемачи од Франција, Грција, Индија, Бугарија, Турција, Албанија и од земјава.

– Денешниот настан е резултат на иницијативата на претприемачите кои сакаат да развиваат и да градат бизниси на Балканот кои еден ден сакаме да ги направиме глобално препознатливи, порача Аријана Коскарова, добитничка на признанието „Форбс 30 под 30“ и основач и извршен директор на „Creative Hub“ на отворањето на самитот.

Таа посочи дека станува збор за нова генерација на бизнисмени кои веруваат дека она што го нудат тука е еднакво добро на она што се нуди во Њујорк и во Лондон.

-Свесни сме дека условите не се исти. Затоа дел од темите на Самиот имаат  цел да ги покренат прашањата како да создадеме услови за финансирање на инвестициски компании, како да се справиме со проблемот на неквалификувана и демотивирана работна сила, како да создадеме препознатлив бренд. Тука сме за да запознаеме нови соработници, можеби идни бизнис партенри, но и да слушнеме различни пристапи и да создадеме нови идеи за раст и развој на нашите компании. Не можеме да успееме сами во тоа. Потребна ни е поддршка од Владата и финиансиските институции за да ги задржиме добрите кадри тука. Имаме легални бизниси и желба да живееме тука, но со исти можности како нашите колеги во Берлин, Лондон и Монако, рече Коскарова.

Премиерот Зран Заев посочи дека стравот и храброста одат заедно и додаде дека е потребно да се изградат партнерства за да се успее во бизнисот.

– Нашиот најголем предизвик за иднината ќе биде развивањето и менаџирањето на талентот и човечкиот капитал. Посветено работиме за зголемувањето на продуктивноста преку инвестирање во образованието, знаењето, вештините и специјализациите во образованието. Имаме конкретни мерки за поддршка на претприемништвото. Преку Оперативниот план и активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот го охрабруваме започнувањето на сопствен бизнис. Само од 2018 година наменети се околу шест милиони евра или 364 милиони денари, истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на самитот.

Тој им порача на бизнисмените да ги следат будно предизвиците на модерното живеење, каде се предизвиците за идните продукти. – Како премиер и поранешен претприемач ви ветувам дека Владата е партнер, особено на оне кои почнале храбро да излегуваат од зоната на комфор да создаваат и да се борат на пазарот. Сигурен сум дека по овие два дена ќе имаме барем уште неколкумина нови храбри претприемачи и нови регионални соработки создадени за сите нас, порача Заев.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, пак, истакна дека за создавање економска иднина и иднина на едно претпријатие единствен начин е  претпримачите сами да го создададат претпријатието ида ја креирате политиката во него.-  Тоа може да го направите само ако сте претприемач и ако сте тој што може да ја гледа политиката и иднината на секоја компанија, рече  Анѓушев.

Ги повика сите млади луѓе во државата да го препознаат тоа и да сфатат дека иднината на економијата е доколку има повеќе претприемачи и доколку сите тие развиваат инстикт за развој на компанија.

-Она што нас ни недостасува во државата, а тоа го покажуваат и анкетите, е дека младите луѓе сакаат да работат во државна администрација. Мое длабоко убедување е дека е тоа погрешно. Младите луѓе треба да сакаат да креираат свои фирми за да може да ја предвидат својата иднина и да се обидат да ја создаваат, а не да остават друг да ја создава во нивно име. Најдобро ќе ја создаваат ако имаат претприемачки дух и ако креираат свои компании и имаат издржана и целосна идеја, посочи Анѓушев.

Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора рече дека претприемачките способности на двајца млади македонски претприемачи  Аријана и Бојан Коскарови, кои се дел од  елитното друштво на Форбс за Европа во категоријата социјални претприемачи за оваа година, беа препознати од Стопанската комора на Македонија и затоа им дале шанса и можност денеска заедно со нив да го организираат првиот Балкански претприемачки самит.

-Силната поддршка од Владата и Швајцарската Конфедерација што ја добивем за овој настан ни укажува, дека претприемништвото сите овие години има големо значење, но и дека во суштина претприемачите се тие што ги креираат работните места, се обучувачи, иноватори, креатори, преземачи на ризик, активни членови во заедницата и движечка сила во рамките на конкурентноста кои придонесуваат за растот на економијата. Затоа сите ние поактивно треба да се вклучиме во креирањето на политики за создавање на претприемачки екосистем, рече Пеева Ѓуриќ.

Потенцира дека недостигот на квалитетна работна сила е најголемиот предизвик со кој се соочуваат компаниите од Балканот и додаде дека се потребни задолжителни измени во образовниот систем каде фокусот треба да биде ставен на стручното образование и обука независно дали станува збор за формален или неформален систем на образование.

Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада истакна дека веќе осум години Швајцарија е реангирана како најиновативна економија во ранкингот кој го прави Светската организација за интелектуална сопственост.

-За иновација придонесуваат многу фктори, но еден кој е особено важен се висококвалификуваните работници, а силната вмешаност на приватниот сектор во образованието е клучна за произведување на вешта работна сила, рече Техада и додаде дека обучените работници се најсилното средство на секоја економија.

Таа нагласи дека Балканот и Швајцарија се соочуваат со мал пазар. -За да се надминат предизвиците на малиот пазар претприемачите треба да бидат отворени за регионалните и глобалните можности. Затоа ми е драго што темата за регионална соработка има значаен глас на овој самит, потенцира Техада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *