Четири училишта во Крива Паланка ќе добијат спортска опрема за спорт за развој

Четири училишта од општина Крива Паланка во кои настава посетуваат ученици од руралните средини ќе добијат донација на спортска опрема и реквизити за спорт за развој.
Активноста е дел од проектот „Спорт за сите”, кој е финансиран од Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ).
оделувањето донации за четири училишта со опрема за спорт за развој е само една од активностите кои во изминатите пет месеци се реализираат во општина Крива Паланка, како пилот општина во државата, дел од регионалниот проект за промоција на спортот како алатка за социјална инклузија и алатка за развој на младите. Проектот е пред се наменет за дечињата од реонот на руралните средини, со цел нивно вклучување во заедницата и обучување преку спорт да прераснат во идни млади лидери, градители на општеството, вели Магдалена Спасовска извршна директорка на ТАКТ, Здружението за унапредување меѓусебна доверба,кое заедно со локалното партнерство го имплементира проектот.
Таа потенцира дека опремата ќе остане во трајна сопственост на училиштата и ќе се користи за следни игри и активности.
Опремата ќе биде доставена до училиштата в понеделник кога ќе се одржи и промоција на краток филм и ретроспективно видео преку кои ќе бидат претставени проектот „Спорт за сите” и постигнатите резултати.
Промоцијата ќе се одржи на 16 септември во големата сала за презентации на општина Крива Паланка, со почеток во 12 часот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *