Отворена изложба „Борби и страдање – полските граѓани за време на Втората светска војна“

Војната завршува штом ќе стивнат оружјата, но нејзините последици се чувствуваат со генерации. Полско-германското помирување преку соочувањето со вистината за минатото, но и со визијата за заедичката иднина во обединета Европа е пример за сите народи во Европа и во светот, истакна вечарва претседателот Стево Пендаровски на отворањето на изложбата насловена „Борба и страдање – полските граѓани за време на Втората светска војна“ организирана од Амбасадата на Република Полска во Скопје.

Ако Полска, по се што искуси, можеше да и го отвори патот на Геманија за помирување, простување и исцелување на раните, според Пендаровски, секоја европска држава може да го направи истото.

-Верувам дека токму водена од своето трагично искуство во Втората светска војна, денес, Полска е еден од најголемите подржувачи за членство на Република Севарна Македонија во НАТО и во Европската Унија. Слично е и со нашите германски пријатели кои се свесни за својата голема и историска одговорност да се грижат за Европа и за заокружување на европскиот проект преку членство на Република Северна Македонија и на сите други држави од Западниот Балкан во Европската Унија, потенцира Пендаровски.

Амбасадорот на Полска во нашата земја Војциех Тицињски, потсетувајќи на историјата на полската борба против тоталитарниот режим, како и за копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, рече дека ќе се сеќаваме на Втората светска војна од благодарност кон сите кои се бореле и ги дадаоа своите животи за слободен свет и за одбрана на светот од нацистичкиот тоталитаризам.

– Се сеќаваме и затоа што човештвото се уште недоволно научи од таа ужасна лекција која ја има доживеано, бидејќи етничкото чистење се случува на овој свет, се случува и геноцид. Не толку одамна го доживеавме тоа во земјите од поранешна Југославија и во Руанда. Затоа се сеќаваме, за вакви настани, страдања и ѕверство веќе никогаш да не се повторат во светот, рече Тицињски.

Изложбата е подготвена од Министерство за надворешни работи на Полска и Музејот на Втората светска војна од Гдањск. Со неа се одбележуваат 80 години од избувнувањето на војната која почнала на 1 септември 1939 година со нападот на нацистичка Германија врз Полска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *