Заев на твитер: Благодарност до Чешка за ратификацијата на Протоколот

Премиерот Зоран Заев денеска на твитер изрази благодарност до Парламентот, Владата и граѓаните на Чешка за ратификацијата на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

-Длабоко сум благодарен на Парламентот, Владата и граѓаните на Чешка за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО за Северна Македонија. Стабилен Западен Балкан е во интерес на ЕУ, особено во однос на геополитиката, економијата и безбедноста, напиша Заев.

Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *