На подрачјето на СВР Куманово, лани биле регистрирани 1.189 кривични дела што е намалување за 4,6 проценти, во однос на 2016-та година, кога се случиле 1.246 дела, информираат од кумановската полиција.
Полицијата успеала да реализира 58,3 отсто од вкупниот број кривични дела. Најмногу има од областа на класичниот криминал – 1.096 што е 92,2 отсто од вкупниот број кривични дела и е во благо зголемување за 2,2 проценти во однос на 2016-та кога биле регистрирани 1.070 кривични дела од оваа област.
СВР Куманово, регистрира 681 дело од имотни деликти од кои 193 кражби, 392 тешки кражби, десет разбојништва, четири, разбојништво во обид, една разбојничка кражба. На подрачјето на СВР Куманово, лани биле украдени 21 возило. Во рамките на имотните деликти, регистрирани се и 13 случаи на прикривање, 16 на измама, пет на затајување, едно дело изнуда и три уцени. Полицијата за овие дела открила 201 сторител, што е 29, 5 проценти реализација.
Лани биле регистрирани се 61 кривични делопротив животот и телото од кои кои едно убиство од небрежност, четири убиство во обид, 42 телесни повреди, осум тешки телесни повреди и седум загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
– Минатата година биле регистрирани и двеубиства, две убиства на дете при пораѓање и едноу често во тепачка, сите кривични дела се расветлени, стои во извештајот на СВР Куманово.
Минатата во однос на 2016-та се случиле и помал број кривични дела од областа на економскиот криминалитет за високи 41,7 проценти. Во 2017 се регистрирани 67, додека во 2016 – 115 кривични дела. Против 167 сторители кумановската полиција поднела 40 кривични. Најголем процент во овие дела отпаѓа на злоупотреба на службена положба и овластување, 23, девет дела се за бесправно градење, по четири дела имало за фалсификување службена исправа, за несовесно работење во службата, и пустошење шума. По три дела биле реистрирани лани, за в ршење јавен превоз без поседување лиценца и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, по две за прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама и ф алсификување или уништување деловни книги и за даночно затајување, по едно за оштетување туѓи права, узрупација на недвижности, повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.
По едно дело е регистрирано и во делот на повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола, сиимнување или оштетување на службен печат или знак, незаконита експлоатација на минерални суровини, оштетување или повластување на доверители, неизвршување на судска одлука, лажен стечај, повреда на правата од работен однос и повреда на правото од социјално осигурување.
Минатата година биле регистрирани и по едно дело проневера во службата, измамување купувачи и компјутерска измама.
– Во областа на јавниот ред и мир не се регистрирани нарушувања од поголем обем и прекршоци со потешки последици со национална мотивираност и нетрпеливост на поединци и групи. Во текот на 2017 примени се пријави за 444 прекршоци, што во однос на 2016 година кога се случиле 498 претставува намалување од 10,8 проценти“ се наведува во извештајот на СВР Куманово.
Во областа на патниот сообраќај Куманово, лани се случиле вкупно 498 сообраќајни незгоди и е регистрирано зголемување од 12,7 проценти во однос на 2016 година. Во две сообраќајни несреќи, две лица го загубиле животот.