Општина Кичево најавува реконструција на „Китино кале“

Општина Кичево информира дека заврши јавниот повик за прибирање понуди за реконструкција на парк-шумата во срцето на Кичево наречена „Китино кале“.

Емин Насуфи од Општина Кичево изјави дека овој проект ќе се реализира со средства од ИПА фондовите, а околу десет проценти ќе бидат од буџетот на Општината.

– Повикот траеше до крајот на минатиот месец, до кога сите заинтетесирани компании можеа да конкурираат за реализација на овој мошне значаен инфраструктитен проект. Ова беше едно од главните ветувања на градоначалникот Фатмир Дехари при добивање на вториот мандат пред граѓаните на Кичево, посочи Насуфи. Додаде дека проектот ќе се реализира во интерес на сите граѓани на Кичево.

Насуфи рече дека конечната вредност на проектот ќе се знае по завршувањето на потребната процедура.

По реконструкцијата се очекува парк-шумата „Китино кале“ да стане вистинска атрација за сите граѓани. Ќе се гради културен младински центар на самиот врв на парк-шумата. Ќе има нови патеки и ново осветлување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *