Прва ликовна колонија во Домот на млади во Штип

Во Домот на млади во Штип почна првата ликовна колонија насловена „Колонија на различностите“, која е резултат на соработката на младиот Христијан Митевски и Домот на млади , со поддршка на Министерството за култура. 

Учествуваат 30 млади, а целта на тридневната колонија е, како што посочува директорот на домот  Горан Трајков, да  се спроведуваат активности за инклузија и надминување на стереотипите. Ќе заврши утре во 18 часот со изложба на сите цртежи што ќе ги изработат младите учесници.

– Станува збор за прва ликовна колонија организирана од Домот на млади. Таа ги опфаќа различностите, посебностите, вештините, хуманоста, солидарноста, заедништвото и идеите на заедницата кои можат една општина да ја направат интересно место во кое ќе сакаат да живеат, да работат, да творат , изјави Трајков.

Додаде  дека  ликовната култура во Домот на млади може да биде столб во подобрувањето на квалитетот на културната понуда за младите од Штип и од поширокиот регион.