Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“ вечерва во Струмица беше отворена традиционалната изложба на дела создадени на 56. Меѓународна струмичка ликовна колонија.
Раководителот на Колонијата Александар Филев истакна дека од 1 до 12 август се создадени нови четириесет дела од 14 ликовни уметници од САД, Полска, Украина, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Северна Македонија.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, кој им се заблагодари на ликовните творци за збогатувањето на големата ликовна збирка на Струмица.
– Вечерашнава изложба е убав продукт од дванаесетте творечки денови во жешкиот струмички август, во кои учесниците на колонијата, низ дружење и плодотворна атмосфера ги создадоа своите дела, но во кои и пронаоѓаа творечка инспирација при посетата на струмичките културно-историски споменици, осознавајќи го нашето богато и вредно културно наследство, рече градоначалникот Јаневски
Отворањето на изложбата беше во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Струмица – 11 септември.
Really great information can be found on website.Raise your business