Џафери се сретна со новоименуваниот холандски амбасадор Коп

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп со кого разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави, особено на планот на евроинтеграциите, како и за ставот на Холандија во однос на заложбите на нашата држава да добие датум за преговори со ЕУ во октомври.

Џафери, како што соопшти неговиот Кабинет, истакнал дека сето она што е побарано од страна на ЕУ е завршено, односно затворени се крупните прашања и даден е сериозен придонес кон регионалната стабилност и соработка поради што се очекува тоа да биде верификувано од страна на Европскиот совет во октомври годинава. Џафери посочил дека Собранието ќе продолжи да биде отворена и демократска институција и во следниот период, а оти ќе продолжи и соработката со опозицијата.

Холандскиот амбасадор најавил дека за време на неговиот мандат ќе настојува да помогне во интензивирање на парламентарната и економската соработка, а во однос на прашањето за холандската поддршка за евроинтергациите на државава, нагласил дека Холандија секогаш повеќе ги цени индивидуалните напори на земјите кандидати, отколку геостратешките прашања и политики и оти во таа насока позицијата на нашата држава е доста поволна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *