Во Штип симпозиум „Рударството и Археологија“

Рударство и Археологија е темата на Меѓународниот симпозиум, прв од ваков вид во Македонија, а ќе се оддржи во Штип во периодот од 12 до 15  септември.

Директорот на Националната установа Завод и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов вели дека настанот го организираат во соработка со рудникот за бакар и злато „Бучим“-Радовиш.

Настанот почнува со изложба во галеријата Безистен, што е насловена „Боров Дол 2011-2018“. Изложбата ќе се отвори утревечер во 19.30 часот, а на која ќе можат да се видат сите археолошки предмети, што се пронајдени на локалитетите на кои е истражувано, со цел да стартува со работа новиот коп Боров Дол. Штерјов вели дека од петок до сабота во Мултимедијалниот центар во Канал 77 ќе се одржува меѓународниот симпозиум на кој ќе присуствуваат археолози и експерти од девет земји.

Не само експерти од балканските земји, потписници на пријавените трудови и присутни на симпозиумот ќе бидат и од Англија, Германија и Австрија. Пријавени се 28 автори  и примени се 58 научни трудови од оваа област, вели Штерјов.

Покрај презентација на научни трудови за локалитетите и пронајдените предмети во овој регион, од страна на аерхеолизте ќе се слушнат и најновите истражувања во делот на археорударството и металургијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *