Средба на министерот Нуредини со градоначалникот на Прилеп: Идентификувани приориотетни проекти за Прилеп

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска одржа средба со градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски. На состанокот присуствувале и заменик министерот Јани Макрадули и државниот секретар, Ана Петровска, соопшти Министерството.

Градоначалникот на Општина Прилеп изразил задоволство од проактивната улога на министерот за животна средина и просторно планирање, кој претходно испратил барање до сите општини со цел да се идентификуваат приоритетни проекти за финансирање преку програмите на Министерството во наредната година.

Приоритетните проекти на Општина Прилеп, наведуваат во соопштението, се идентификувани и за нив е веќе изработена, или се изработува техничка документација. Успешноста на реализирање на националните програми, истакна министерот Нуредини, директно зависи од степенот на подготвеност на проектите.

Градоначалникот Јованоски побарал од Министерството да ја разгледа можноста да постави мерна станица за квалитет на амбиентниот воздух во Прилеп, при што министерот нагласил дека се прават анализи околу потребите за проширување на националниот систем за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух и секако Прилеп ќе се вклучи во тие анализи.

Соработката со општините и Министерството е исклучително важна и заради тоа тесната координација со оваа и другите општини ќе продолжи се со цел да се интензивираат инвестициите во проекти за заштита и унапредување на квалитетот на животната средина, се наведува во соопштението од Министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *