Со интонирањење на химната и подигнување на знамето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред пред музејот „Западна Македонија во НОВ“ во Кичево претставници на боречката организација и од локалната самоуправа го одбележаа Денот на ослободувањето на градот „11 Септември“.
Честитки по повот празникот упати и советникот од редовите на СДСМ во Советот на општина Кичево Саше Кацески кој потсети дека Кичево е првоослободен град во НОВ во нашата држава.
Потоа пред споменикот во спомен костурницата на Китиното Кале, цвеќе положија претставници на боречката организација, претставници на Армијата и политичките партии од Кичево.