Ѓоша: Северна Македонија да не биде „казнета” поради Албанија

Поранешната албанска министерка за интегaрции и поранешна пратеничка од Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), Клајда Ѓоша, изјави дека посакува Северна Македонија да не биде „казнета” поради Албанија за почнување преговори со ЕУ.

Додава дека државата направила неверојатна жртва, како што е промена на името, што е постигнато со договорот со Грција, во момент кога не се очекувало.

– Посакувам Северна Македонија да не губи време поради Албанија.Знам дека Северна Македонија направи една неворојатна жртва. Да го смениш името е навистина нешто големо не само за земјата туку и за нејзините граѓани.Тие постигнаа договор со Грција во момент кога не се очекуваше да се постигне таков договор.Заслужуваат да почнат преговори со ЕУ и заради многуте превземени реформи. Посакувам да не биде казнета од ситуацијата во која се  наоѓа Албанија, изјави Ѓоша за  тиранската телевизија Ора њуз.

Што се однесува до Албанија таа е песимист дека нејзината земја во октомври може да добие датум бидејќи, според неа, не исполнила ниту една од препораките. Дури, нагласува дека е можно да се додаде уште некоја.

– Не е само моја желба, како порнешна министерка за интеграции, туку верувам и на сите албански граѓани да се отворат преговори, бидејќи тоа е единствен начин да се стави албанската политика во законски рамки која е излезена  надвор од законските и уставните шини. Но,желбата не е она што навистина го покажува неработењето на владата посебно во изминатата година и пол.Јас сум многу песимист за месецот што доѓа-изјави Ѓоша.

Ѓоша е една од клучните личности во опозициското Социјалистичко движење за интеграција, која е трета по големина партија во земјата.Таа беше дел од претходната влада на премиерот Еди Рама, кога ЛСИ беше коалициски партнер на социјалистите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *