Демократската Унија за Интеграција нагласува дека владеењето на правото, еднаквоста пред законот и доследното спроведување на законот од страна на сите е предуслов за општествена стабилност, интеграција и економски развој.
Цениме дека Судскиот Совет, Советот на Јавни Обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти.
Секој од нас, политичар, судија, обвинител, сноси индувидуална одговорност за своето постапување или непостапување како и за своите одлуки и никој не е над законот.
Демократската Унија за Интеграција се дистанцира од секакво политичко мешање во одлуките на институциите кои го спроведуваат законот и сметаме дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди со добро спроведен ветинг и тоа преставува наш апсолутен приоритет.