„Општествените промени во глобалниот свет“ тема на научната конференција на штипскиот Правен факултет

„Општествените промени во глобалниот свет“ е насловот на меѓународната научна конференција, која по шестти пат се одржува на штипскиот Правен факултет. Универзитетскиот професор од Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип Марија Амповска вели дека годинава имаат 60 домашни учесници и 40 учесници од универзитетите од Русија, Дубаи, Полска, Словенија, Латвија, Хрватска, Србија, Италија, Босна и Херцеговина, Република Српска и  Словачка.

-Конференцијата се организира традиционално секоја година. Се трудиме да опфатиме четири области на правото, медиумите и комуникациите, општество и политика. Целта е научните истражувачи од Македонија, но и од странство да ги изнесат најновите сознанија за овие четири области, рече Амповска.

Темите се од областа на правото, политика, медиумите, а секој од учесниците во наредните два дена ќе можат да ги презентираат своите научни трудови.

-Мојата тема е конфликтот на генерации и станува збор за интересна и актуелна тема за Македонија, но и за Русија. Генерациите денеска живеат во различни времиња и различни простори. Тие имаат дури и различни искуства. Ова е голем проблем на денешното време, но и на иднината. Науката може да го препознае овој конфликт на генерации и мора да се размисли што да се прави. Вака се создаваат тензии во сите сфери на општеството, изјави  професорката Татјана Сенушкина од Русија.

На крајот од конференијата ќе произлезе и издание во кое ќе се сумираат сите истражувања на различни теми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *