Ново ЛЕД-осветлување на битолските улици

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска денеска информираше за новото улично осветлување во градот, проект кој го реализира општинското ЈП „Комуналец“ чии екипи ги заменуваат традиционалните со ЛЕД-светилки.

Петровска истакна дека со претходно ветениот проект, средствата на граѓаните рационално се трошат, а ефектите се многубројни.

олемите трошоци за електрична енергија потрошена за улично осветување со новиот проект значително ќе се намалат. Досегашните натриумови и живини светилки се отстрануваат од употреба и поставуваме штедливи ЛЕД-светилки . Со имплементација на напредни и иновативни технологии, може многу поефикасно да се управува со уличното осветлување, односно со примена на ЛЕД технологијата во делот од уличното осветлување, се добива заштеда на електрична енергија и до 70 отсто, а со тоа и поврат на инвестицијата, истакна Петровска.

Од општина Битола информираа дека во оваа фаза поставени се 91 арматура со ЛЕД-светилки. Заштедата на годишно ниво, само од една светилка, е околу 100 евра.

Од сите светлечки арматури само на улицата „Васко Каранглесеки“ обезбедуваме заштеда од околу 9.000 евра на годишно ниво. Но, со поставување нa ЛЕД осветлување на сообраќајниците и локалните патишта во зоните на живеење, дополнително се инвестира во енергетската ефикасност на системот за улично осветлување, како и во социјална и сообраќајна безбедност, појасни Петровска.

Замената на старите традиционални со ЛЕД-светилки ја врши стручна екипа на ЈП „Комуналец“-Битола, и истата во оваа фаза ги опфаќа најфрекфентните сообраќајници и населби во градот.

-Во Битола ќе бидат поставени над 2.000 ЛЕД-светилки, кои имаат систем на самопрограмирање и се прилагодуваат во текот на ноќта со степенот на светлина, процес кој исто така донесува заштеди. Се определивме да инсталираме напредни технологии затоа што се од интерес на граѓаните и без кредити или други финансиски оптоварувања врз корисниците. Сијалиците имаат долг рок на трење и тоа беше дополнително важно да почнеме со овој процес, појасни Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“-Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *