Димитров: По 10 препораки и европски компримис ЕУ да донесе позитивна одлука

После десет препораки на Европската комисија дека сме подготвени да почнеме преговори за членство, со решение на нерешливото прашање поради кое изгубивме цела генерација, постигнувајќи европски компромис, Европската унија треба конечно да донесе позитивна одлука, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров при учеството на Бледскиот стратешки форум.

На панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност” Димитров се осврнал на нужноста од забрзана европска интеграција на држвава и регионот, како заедничка стратешка определба, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи.

Шефот на македонската дипломатија зборувал за значењето на Европската Унија и нејзините вредности за регионот, но и за важноста од уважување и конкретно вреднување на очигледните резултати и постигнувања, уште во претстојните месеци. Истакнал дека оваа прилика не смее да се пропушти и дека е вистинско време за критичен исчекор. Алудирал дека времето истекува и во овој контекст сугерираше дека покрај зборови, неминовни се и дела.

МНР информира дека на средба на Димитров со Жан Кристоф Белијар, заменик-генерален секретар за политички прашања во ЕЕАС,  биле разгледани сите аспекти од добивањето позитивна одлука за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ. Двете страни ја реафирмирале заложбата за постигнување на целта од заеднички интерес.

– Постои широка меѓународна верификација за позитивната трансформација дома. По договорот со Грција, очекуваме позитивна динамика што ќе создаде нов импулс и за нас, за регионот и за ЕУ.  Ова е одлична можност за чекор напред, за успех, во време кога нема многу други шанси за успех, рекол министерот Димитров.

На средба со генералниот директор за политички прашања во британскиот Форин Офис, Ричард Мур, пак, се разменети мислења за процесот на ратификација на Пристапниот протокол во земјите-членки и изгледите за официјално зачленување во Алијансата токму на Самитот на НАТО кој ќе се одржи во Лондон во декември годинава. – Мур истакна дека е од големо значење за двете земји ако успешната приказна на Северна Македонија во контекст на НАТО се заокружи токму за време на настанот во Обединетото Кралство. Се зборуваше и за агендата на домашни реформи во нашата земја, како и за визијата за стабилен и просперитетен Западен Балкан, заснован на владеењето на правото и демократското управување, кое е од значење и за британската надворешна политика, соопшти МНР.

Во тек на форумот министерот Димитров имал куси разговори и со МНР на Шпанија, Жосеп Борел, номиниран за функцијата Висок претстсавник на ЕУ за надворешена политика и безбедност, со премиерот на Словенија, Марјан Шарец и со својот турски колега Мевљут Чавушоглу. Истовремено, разговарал и со Катја Гершак, директорот на Центарот за Европски Перспективи, кој се јавува во својство на коорганизатор на Бледскиот Стратешки Форум.

 

One thought on “Димитров: По 10 препораки и европски компримис ЕУ да донесе позитивна одлука

  1. Excellent insights! Your breakdown of the topic is clear and concise. For further exploration, I recommend visiting: READ MORE. Keen to hear everyone’s opinions!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *