СДСМ: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе пари за граѓаните

Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе пари за граѓаните, градиме силна и конкурентна економија
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што ја стабилизираат економијата, поттикнуваат постојан раст на платите и обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.
Во таа насока е и ребалансот на Буџетот што беше усвоен од страна на Владата.
Со ребалансот,  Буџетот продолжува да дистрибуира се повеќе пари за граѓаните.
Обезбедени се дополнителни 200 милиони денари за активните политики и мерки за поддршка на вработувањето, но и за новата мерка за младите вработени во производство, со цел производството да стане поатрактивно за младите.
400-тини милиони денари се обезбедени за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра.
Со оваа мерка се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш, но истовремено ќе расте и приливот на средства во пензискиот фонд.
Дополнително, обезбедени се средства од 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, а истовремено во Фондот за здравствена заштита префрлени се се 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита.
За Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро обезбедени се 183 милиони денари, како дел од мерките за заштита на Охридското езеро и зачувување на Охрид како град на УНЕСКО.
Ова се само дел од мерките преку кои со ребалансот обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, посилна поддршка кон компаниите и создаваме услови за забрзан економски раст.
Покрај овие мерки, ќе продолжи и трендот на раст на платите. Веќе од септемвриската плата, вработените во јавната администрација, здравството, образованието, културата, детската и социјалната заштита, одбраната, полицијата и судството че добијат покачување на платите од 5 отсто.
Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Градиме силна и конкурентна економија што отвора шанси за сите.