Штипските пожарникари рано утринава го локализираа пожарот меѓу селата Селце и Драгоево на планината Серта. Командирот на ТППЕ-Штип Тони Атанасов вели дека пожарот којшто почнал вчера доцна попладнето го гаснеле до 23 часот, а утринава до осум часот го локализирале.
Во гаснењето на пожарот, којшто зафати сува трева и ниско стеблеста шума учествуваа 20 пожарникари, со три противпожарни возила и неколку вработени од ЈП „Македонски шуми“
-Теренот беше пристапен и не дозволивме пожарот да ја зафати дабовата шума. Инаку и во овој случај пожарот е подметнат и станува збор за несовесни луѓе, коишто и претходниот ден се обидоа да предизвикат пожар на овој дел, вели Атанасов.
Тој додава дека изминатите денови штипските пожарникари се справуваа со големи огнени стихии, од коишто во едната изгореа околу 2.000 хекатри пасишта меѓу општините Карбинци и Пробиштип, а за оваа се уште не можат да проценат, колку хектари се зафатени на планината Серта.
Very well-written and funny! For more information, visit: DISCOVER HERE. Looking forward to everyone’s opinions!