Централниот регистар на Република Северна Македонија потврдува дека е извршен упад во компјутерскиот систем и потенцира дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри.
По упадот, информираат од Централниот регистар, веднаш е поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика.
– Упадот е извршен со злоупотреба на безбедноста и со надминување на безбедносни пречки од страна на Друштвото за обработка на податоци, хостирање и слични дејности ИНФОГРУП ДОО Скопје. На тој начин ова правно лице неовластено обезбедувало податоци од регистри што ги води Централниот регистар, се вели во соопштението од Централниот регистар.
Во соопштението се потенцира дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри што ги води Централниот регистар.
– Сите системи и услуги на Централниот регистар непречено функционираат и се достапни за сите корисници, а податоците во регистрите се соодветно заштитени, информираат од Централен регистар на Република Северна Македонија.
МВР соопшти дека за упадот во компутерскиот систем на Централниот регистар синоќа во полициската станица „Беко“ бил приведен поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски.
– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ, информираа од МВР.
This was both informative and hilarious! For further reading, check out: LEARN MORE. Any thoughts?