Општина Кичево ќе изгради два нови кружни текови, односно уредување на крстосниците со улиците „Маршал Тито“ и „11-ти Септември“, просторот пред џамијата “Бела кула” и пред касарната “Чеде Филипоски-Даме”.
Овие два ифраструктурни објекти е предвидено да се градат со срества од Светската банка и општинскиот буџет.
Зафат ќе биде дел од проектот за подобрување на општинската инфраструктура.
Општина Кичево, веќе од 26 август започна постапка за прибирање понуди за градење на објектите, аповикот ќе трае до 26 септември, објаснуваат од службата за односи со јавноста на општината Кичево.
Со изградбата на новите кружни текови, ќе се реши проблемот со сообраќајот на овие крстосници, бидејќи на овие улици интензитетот на сообраќајот редовно е голем особено во летните месеци кога се враќаат печалбарите на одмор во своите родни огништа, вели Бурим Кадриу од општина Кичево.
Very well-written and funny! For more information, visit: DISCOVER HERE. Looking forward to everyone’s opinions!