Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска и утре во Словенија ќе учествува на 14. Бледски стратегиски форум, каде заедно со словенечкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, и министерот за надворешни работи на Шпанија, Џозеф Борел, ќе се обрати на панелот насловен „Што следува? – поглед на евроатлантската безбедност, 70 години по Вашингтонскиот договор“.
Попладне министерката Шекеринска ќе има одвоена средба со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.
Бледскиот стратегиски форум секоја година е местото каде што се среќаваат влијателни светски и европски политичари и државници. Форумот претставува една од водечките меѓународни конференции во Централна и Југоисточна Европа. Годинава, форумот ќе биде отворен од словенечкиот заменик – премиер и министер за надворешни работи, Миро Церар, свои обраќања ќе имаат претседателот на Естонија, Керсти Каљулаид и претседателот на Словенија, Борут Пахор, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, како и претседателката на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации, Мариа Фернанда Еспиноса Гарсес.
На Бледскиот стратегиски форум учествува и шефот на дипломатијата, Никола Димитров.
Excellent article! It provided a lot of food for thought. Lets chat more about this. Check out my profile for more insights!