Пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски, обвинет за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година, денеска дава исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Во Обвинителството досега искази дадоа пратениците Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска. Тие се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните што се случија во Собранието во април минатата година.