Стерјовски меѓу најефикасните пратеници во албанскиот парламент

Пратеникот во албанскиот парламент од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски е еден од најефикасните нови пратеници кои влегоа во законодаваниот дом во периодот март-јуни.

Ова се наведува во последнот извештај на Институтот за политички студии во Албанија кој со подршка на холандската амбасада ја мониторира работата на парламентот.

Во извештајот под наслов „Парламент во криза“ се констатира дека „кризата му наштетила на парламентот, но успеал да преживее“. Исто така, во детали се претставени перформансите на избраниците на народот и нивниот придонес во парламентот и парламентарната активност за периодот јануари /јули 2019 година.

– Податоците за рангирање на 45-те нови пратеници кои влегоа во парламентот во текот на март-јуни 2019 година покажуваат дека од новите пратеници најефикасни се Ралф Ѓони, Лефтер Малиќи, Артур Роши и Васил Стерјовски. Четворицата се од различни политички партии: првиот од Социјалистичко движење за интеграција, вториот од Демократска партија, третиот од Бали Комбетар и четвртиот од македонската заедница во Албанија. Од нив, само Малиќи претходно имаше парламентарно искуство – стои во извештајот на Институтот за политички студии.

Васил Стерјовски во собранското столче седна на 16 мај годинава, со што стана прв пратеник во плурална Албанија кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец. Веднаш потоа беше избран за член на парламентарната комисија за надворешна политика.

Стерјовски е дел од независната пратеничка група, која е формирана од пратениците на Социјалисткото движење за интеграција, со која Македонската алијаса за европска интеграција(МАЕИ) настапуваше во изборната коалиција во јуни 2017 година.

Новите 45 пратеници дојдоа на местото на пратениците од редовите на Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција,кои се откажаа од пратеничките мандати во февруари годинава.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *