Почина Јордан Костадинов-Борец за национални права на македонците во Бугарија и лидер на ОМО Илинден

По кратко боледување, во осумдесет и седмата година од животот почина Јордан Костадинов Иванов во својот дом во Сандански. Јордан Костадинов е роден на 9 ноември 1932 година во село Врапче, Пиринска Македонија.

Јордан Костадинов  е македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Бугарија и позната на македонската јавност и на македонците ширум светот.

Како македонски национален активист во периодот до деведесетите години од минатиот век бил два пати затворан од бугарската власт, секогаш со задолжителен престој во најтешки затворски услови.

Во 1990 е еден од основачите на македонската организација ОМО Илинден и нејзин лидер. Целиот свој живот го посвети за човековите и националните права на македонците во Бугарија како бескомпромисен и смел борец за македонската кауза. Лично, со неговите соборци од организацијата во повеќе наврати покрена судска постапка пред Судот за човекови права во Стразбур и во повеќе пати Бугарија беше осудена за кршење на човековите права.

Погребот на Јордан Костадинов ќе започне во 10 часот на 24 Август 2019 година (сабота).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *