Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е во официјална посета на Тирана, денеска се сретна со албанскиот претседател Илир Мета.
– Претседателот Мета го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на албанскиот јазик од страна на Парламентот на Република Македонија, оценувајќи дека тоа е чекор напред во демократизацијата и зајакнувањето на интегративниот пат на Македонија, стои во соопштенето од кабинетот на Мета.
Албанскиот претседател го нагласил значењето на целосната имплеменатација на Охридскиот договор, за почитување на правата на Албанците во Македонија и подобрување на климата на доверба меѓу Албанците и Македонците во интерес на евроатланската интеграција на земјата.
На средбата, претседателот Мета ја посочил неговата ангажираност во зајакнување на соработката меѓу Албанија и Македонија во интерес на двете земји и европската перспектива на регионот.