Според светските документи Евреите се можеби најстарата жива цивилизација на планетата. Според пишаните траги, преданијата, верувањата, Стариот завет на Библијата тие се прародители и на христијаните (Исус бил Евреин) и на муслиманите – синови на Исак и Абрахам (Иса и Ибрахим)
Од нивното тело, значи, се издвоиле главните светски религии. Тие се, за жал, први меѓу најпроколнатите, најмасакрираните, најраселуваните и најистребуваните народи на Земјината топка. Антисемитизмот со векови е жива филозофија, а и денес опстојува во арапскиот свет.
Иран и други милитантни исламисти сонуваат да ја збришат еврејската држава од светските мапи. За своето парче земја, значи и денес Евреите стравуваат и одвреме-навреме војуваат, па, сепак, никогаш не се доведува во прашање нивниот идентитет. Зашто, идентитетот не е ниту закопан во земјата, за да мора да се откопува, ниту, пак, треба да се бара во светите книги, во Тората, Коранот, Библијата, во стотиците камени гробови на царевите и благородниците погребани во подножјето на Маслиновата Гора.
На почетокот од минатиот век, Евреите од Јафа, старото утврдување на морето, поради честите конфликти со Арапите со кои живееле, решиле да из- лезат од стариот град и крај брегот почнале да го градат Тел Авив. Денес Тел Авив е административен центар на Израел. Таму се наоѓаат сите странски ам- басади, но, сепак, тоа не е главниот град на светата држава.
Сетот (со исклучок на САД) не го признава Ерусалим за престолнина на Израел, иако таму е Кнесетот, израелскиот парламент, Владата и клучните министерства. Најмоќ- ните земји светиот град го сметаат за спорен, зашто Арапите имаат претензии кон Источен Ерусалим, каде што се мнозинство. Но Евреите немаат проблем со таквиот однос на Запад. Се плашат само доколку загубат дел од територи- ите каде што сега се Палестинците, да речеме Западниот брег, кој е под нивна окупација, може да им биде загрозена државата. За идентитетот не се плашат.
Да се посети Светата земја значи да се доживее нешто што останува трајно во сеќавањата на посетителот, нешто недоживеано библиско, свето и човечко; нешто ново и карактеристично само за Израел, за еврејскиот народ и за арапскиот свет, а најповеќе за христијаните. Тоа го потврдивме при нашата посета на оваа по многу нешта единствена и карактеристична земја, каде се доживува едно неопишано чувство на чудна мешавина на старото и на новото, на историјата и, на Библијата…
Таму се чувствува духот на историјата; таму човек се запознава со библиските преданија, со сé она што е поврзано со трите вери на човекот: јудејската, христијанската и муслиманската. Тоа е земјата каде се обединија еврејските племиња – Израелците и Јудејците во едно царство на чело со водачот на Јудејците царот Давид.
Тој успеал да ги разбие Филистејците, а Ерусалим – Светиот град да го прогласи за престолнина на државата. Во Ерусалим, царот Соломон, синот и наследникот на Давид, го изградил прочуениот Храм посветен на еврејскиот Бог Јехова, од кој денес е останат само Ѕидот на плачот, симболот на секојдневната средба на Евреите од целиот свет со својата судбина.
Ерусалим е местото од каде што сé почнало и каде сé ќе заврши на Судниот ден. Израел за христијаните е Света земја и местото каде се родил Исус Христос – Синот божји, кој дошол меѓу луѓето, ги подучувал да се здобијат со добродетелство, да му служат на доброто, а да го избегнуваат злото.
Ерусалим е местото каде Исус Христос бил осуден на смрт со распнување на крст, за потоа да воскресне. Таму, во Ерусалим, се наоѓа Куполата на Карпата и џамијата Ал – Акса, чие име значи „најдалечниот пат“ зашто муслиманите веруваат дека по Мека и Медина, Ерусалим е третиот град по значење во исламот, од каде пророкот Мухамед го примил Куранот.
Градините Бахаи во Хаифа
Посетата на Израел, а со тоа и на најголем број свети места, беше остварена на покана на министерот за иселеничка апсорпција професор Лили Тамир. Делегацијата на Агенцијата за иселеништво од Република Македонија, предводена од м-р Мартин Треневски и неговата сопруга д-р Василка Попоска-Треневска, а во која се наоѓаше и авторот на овој и на наредните текстови, Славе Катин со сопругата проф. Нада Николовска-Катин, оствари значајни средби и разговори во Министерството, како и со претставници на Агенцијата за иселеништво на Израел, „СУХНУТ“, Музејот за дијаспората и Музејот за холокаустот на Евреите „Јад ва’Шем“. Исто така, делегацијата посети бројни свети места, значајни културно-историски и други споменици кои оставаат длабоки траги кај посетителот.
А, желбата на секој дојденец, верник, намерник или случајник е повторно да ја посети Ветената земја за да се доживее и поубаво да се почувствува сé она што го оставила историјата на човекот. А, таму во Израел, има што да се види, научи, да се доживее, да се прошират видиците, сознанијата, духот и духовното живеење. Таму човек се чувствува повозвишен и позначаен како човечко битие.
Таму луѓето зборуваат различни јазици: од еврејски и англиски до руски и шпански, но нивните срца и чувства се едни исти – израелски. Таму се отвораат сите сетила и секој кој ќе дојде во Израел, се труди што повеќе да види, да научи, да почувствува, да запамети како сознание, да го доживее сето она што се случувало со векови пред христијанството и по него, како и во сегашноста на прагот на третиот милениум..
Според библиските преданија Израел значи човек кој се бори со Бога. Тоа е име што му го дал ангелот на Јаков на потомокот Јаков, непосредно пред состанувањето со брат му Исав на крајот од тешката ноќна борба со непознатото битие. Неговите дванаесет синови се зачетници на дванаесетте израелски племиња; а изразот „синови изреалски“ ги означува сите Евреи. Првиот израелски цар бил Саул. По него дошол далеку помоќниот Давид, кого го наследил син му Соломон.
По неговата смрт царството се распаѓа на Јужно – Јудеја и Северно – Израел. Израел било поголемото и помоќното царство составено од десет племиња со двојно поголемо население од Јудиното царство и имало три пати повеќе земја и обработлива почва.
Земјата се збогатила преку трговија зашто низ неа минувале значајни трговски патишта. Таквата состојба траела околу 200 години, сé до освојувањето на Асирците во 721 година пред Исус Христос, кога племињата биле раселени низ Сирија и Северното царство. Ова Израелско Царство никогаш повеќе не се обновило под истото име сé до 1948 година, кога се појавила втората, денешната држава Израел.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Nurses Monica is awesome priligy for sale