БИТКА ЗА ПРВОТО МЕСТО ВО ГРУПАТА

Со двете победи во групата, Македонија обезбеди пласман во напредната фаза од ЕП и што е уште поважно пренесува два бода во битката за висок пласман. Но, тоа не значи дека вечерва во дуелот со Германија ќе влезе со калкулации и дека нема да се обиде да ги заврши натпреварите без пораз. Тоа што е важно е дека притисокот е на страната на противникот. Ние веќе го направивме најголемото изненадување на првенството и сега мирно, со аутсајдерска улога влегуваме во овој дуел.

-Се наоѓаме во извонредна ситуација, со две победи над два тешки противника. Прв пат нешто вакво се случува на ЕП на кои сме учесвствувале. Сега и да загубиме нема да биде никаква трагедија, но тоа не значи дека и ќе се предадеме. Селекторот сигурно има план како да им се спротивставиме на германците, па ќе видиме што ќе излезе од сево ова – изјави Гоце Георгиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *