Ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија денеска влегува на разгледување на две парламентарни комисии во бугарскиот Парламент.
Во бугарскиот Парламент Предлог законот го внесе Министерскиот совет на 8 ноември 2017 година.
Денеска Предлог законот за ратификација најпрво ќе го разгледа Комисијата за надворешна политика, а потоа Комисијата за европски прашња и контрола на европските фондови.
Договорот, како што објави МИА, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право. Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.
На 15. јануари македонскиот Парламент со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.